Македонија
12. April 2021 - 10:20

38-годишен скопјанец е уапсен вчера на Граничниот премин Блаце откако кај него била пронајдена дрога

На 11.04.2021 година во 17:30 часот на Граничен премин Блаце при влез во РМ од слобода е лишен Ф.Р.(38) од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него се пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис. Лицето е предадено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.