Македонија
15. јуни 2020 - 12:18

37 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје

Според неофицијални информации на Сител засега има 37 нови позитивни случаи на КОВИД-19 само во Скопје. Како што велат епидемиолозите ова не е конечната бројка на новозаразени бидејќи сеуште чекаат од уште една поголема лабораторија за да ја имаат финалната бројка. Се надеваат дека бројката нема да биде толку голема како бројката што беше изминативе денови кога во скопскиот регион се регистрираа и по 90тина новозаразени.