Македонија
20. January 2021 - 10:50

368 санкции за неносење маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.01.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  368 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.