Македонија
28. January 2021 - 9:56

365 санкции за неносење маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.