Македонија
10. September 2020 - 14:06

36 училишта побарале да спроведуваат настава со физичко присуство, рокот за пријавување истекува денеска

15 средни и 21 основно училиште испратиле барање за настава со физичко присуство. Министерката Мила Царовска вели рокот е до денеска а вкупниот број ќе се знае по 3 дена откако ќе пристигнат и оние кои се испратени по пошта. На следната владина седница ќе се одлучува по овие барања. Вакво барање може да испрати секое училиште кое смета дека има услови согласно Ковид протоколите.

Драфт верзијата за новата платформа за онлајн настава е подготвена и наскоро ќе биде промовирана. Царовска вели дека платформата е создадена така што ќе биде лесно достапна за учениците, наставниците и за родителите. 

Подготвени се и протоколите за студентските домови и ќе бидат испратени на разгледување кај Комисијата за заразни болести. 

 

Мирјана Давидовска