Македонија
20. April 2021 - 10:14

36 лица не го почитувале полицискиот час

Полицискиот час од 20.00 часот (19.04.2021) до 05.00 часот (20.04.2021) го прекршиле 36 лица.

Во однос на мерката носење лична заштита на лице во текот на изминатото деноноќие (19/20.04.2021) на територијата на Република Македонија регистрирани се 412 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.