36-годишна жена починала во сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп
36-годишна жена починала вчера, а три лица се потешко повредени во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Битола-Прилеп. Како што соопштуваат од МВР:
„На 20.07.2020 во 15.30 часот на магистрален пат Битола-Прилеп, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(60) од Прилеп, патничко возило „ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(22) од Битола и патничко возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од Прилеп“.
Во незгодата на лице место починала В.В.(36) од Прилеп, сопатничка во патничкото возило „фиат добло“, додека возачот М.К. и Н.Д., сопатник од истото возило, како и возачот Б.Т. на патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација