Македонија
27. February 2021 - 10:47

344 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.02.2021 година) на целата територија на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 344 прекршоци, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.