Македонија
1. August 2020 - 13:59

34-годишна жена од с.Батинци починала откако паднала од кров на куќа

Вчера во с.Батинци 34-годишна жена паднала од поткровје на куќа и починала на лице место. Како што информираат од МВР:

„На 31.07.2020 во 22,35 часот во Полициска станица Драчево било пријавено дека во с. Батинци, скопско Ф.Џ.(34) од с.Батинци паднала од поткровјето од куќа и починала на лице место.

Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош.

На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.“