Македонија
5. July 2020 - 14:25

34-годишен маж одбил да послуша наредба од полицајка, физички ја нападнал па избегал

34-годишен маж од Куманово одбил да послуша наредба од полицајка која извршувала редовни работни задачи, па после тоа физички ја нападнал и избегал од местото на настанот. Како што соопштуваат од МВР:

„На 04.07.2020 околу 03.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. “Доне Божинов“ и бул. “Октомвриска Револуција“ во Куманово, Д.Т.(34) од Куманово одбил да послуша наредба на полициска службеничка која извршувала редовни работни задачи во врска со претходно случена сообраќајна незгода и физички ја нападнал по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.