Македонија
7. March 2020 - 16:44

34-ца во домашна изолација - сите биле во контакт со заразените со корона вирусот

Заразените сопружници со корона вирус од дебарско се во стабилна состојба и изолирани на Клиниката за инфективни болести. Десет лица со кои мажот и жената биле во контакт изминатата недела откако се вратиле од Италија ќе бидат во домашна изолација и под здравствен надзор. Истата мерка Филипче ја најави и за 24 патници кои биле во автобусот кој на 27ми минатиот месец стигнал во земјата. Еден од патниците бил албански државјанин и надлежните веќе ги ивестиле тамошните власти. Возачот, пак, повторно бил во ризичниот регион и веќе се вратил со нова тура на патници. Во дебарската болница лекарите носеле заштитна опрема а сега се истражува колку пациенти овој период побарале лекарска помош во ординацијата каде првично биле заболените.

- Лекарите имаат заштитна опрема и тоа веќе го проверивме. Втората линиоја на зараза е многу мала но сега и тоа го прават епидемиолозите тие контактите со кои се други контактирале. И врз основа на проценка на ризикот ќе се донесат мерки ако треба. И за лекарите важи ако биле во контакт со некој заболен да бидат во домашна изолација, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Патниците од автобусот се од Скопје, Тетово, Дебар, Охрид и Велес и домашната изолација ќе биде обезбедувана со полиција. Немале симптоми, но како што велат здравствените власти мора да бидат под надзор додека трае инкубацијата. Министерот Филипче вели дека не ја исклучуваат можноста од прекршочни мерки додолку не се почитуваат препораките на заштита од корона вирусот.

- Останува апелот сите да кажуваат вистински податоци. Не е само Италија туку расте бројот на заболени во Европа, има многу случаи во Гењрманија, Шпанија, Франција и на граница да бидат констеруктивни и да кажуваат дали биле во контакт со некој болен, каде биле..вели Филипче.

Министерот за здравство уверува дека Инфективна клиника ер подготвена за справување со болни а освен инфективните одделенија во Велес, Штип и Гостивар обезбедиле уште еден објект за изолација во Демир Капија.

Освен заразерните сопружници во болничка изолација се уште е и 50 годишната жена која беше прв случај на ковид 19 во Македонија.