Македонија
29. January 2022 - 9:31

330 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје за еден ден

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (28.01.2022) на територија на град Скопје изречени се вкупно 330 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 140 санкции, возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за технички неисправни возила.

- Изречени се четири мерки за возач почетник, седум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, велат од МВР.