Македонија
11. August 2020 - 10:55

33-годишен маж се здобил со тешки повреди откако паднал од трактор

Вчера наутро во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека во Итната медицинска помош Демир Хисар бил донесен Т.А.(33) од с.Долно Јаболчиште, кој се здобил со повреди при пад од трактор, информираат од МВР.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.