Македонија
27. July 2020 - 10:03

329 прекршоци за неносење маска во земјава

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.07.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 329 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.