-->
-->
326 санкционирани возачи во Скопје
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 326 санкции, меѓу кои 36 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 55 технички неисправни и нерегистрирани возила, 43 за управување без возачка дозвола, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 11 за користење на мобилен телефон при управување со возилото, 72 изречени мерки за непрописно паркирање, 45 возила подигнати со „пајак“. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор