Бизнис
16. December 2020 - 16:54

31 милион евра преку развојната банка за мали и микро фирми

За разлика од кафаните, казината и обложувалниците ќе работат и по 18 часот, но не смеат да служат храна и пијалаци. Засега нема да има ограничување на нивното работно време. Но, како и за угостителите, ниту објектите за игри на среќа нема да смеат да организираат новогодишни прослави. Не се размислува ниту за ограничување на работното време на моловите, но будно се  следи епидемиолошката слика во земјава.

Бектеши уверува  дека по Нова Година ќе  се најде начин како да се  обештетат угостителите  кои со новата одлука од 18 декември до 21 јануари ќе имаат дозвола да работат до 18 часот.  Работниците од секторот остро реагираа на новата мерка  за превенција од ширење на заразата. Според пресметките нивните загуби  ќе достигнат и до 22 милиони евра. Побараа средба со владините престваници за да им ја објаснат  потребата од носењето на мерки  кои ќе бидат исклучиво за нив.

Во меѓувреме преку развојната банка малите и микро бизниси  имаат на располагање нови 31  милион евра. За безкаматните кредити можат да аплицираат од денеска. Од банката велат дека уште на првиот ден е забележан голем интерес.

Од претходните две линии средствата се целосно искористени.