Бизнис
7. December 2020 - 16:37

31 милион евра бескаматни кредити за микро и мали фирми и занаетчии

Нови 31 милион евра бескаматни кредити преку Развојната банка. Повикот е објавен денеска, а аплицирањето ќе започне на 16-ти декември. Парите се наменети за микро и малите фирми, трговците поединци и занаетчиите, кои во изминатиот период имале пад на приходите од најмалку 20%. Средствата може да се користат за финансирање на тековни потреби, за зголемување на ликвидноста, но и за воведување нови производи и услуги.

Најголем дел од парите, односно 30 милиони евра се обезбедени преку европските фондови, додека само еден милион се од државниот буџет. Но, освен за кредити за фирмите, европски пари ќе има и за самовработување и отварање нови бизниси преку Агенцијата за вработување.

Третата линија бескаматни кредити е дел од последниот пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните. Поради доцнењето на најавената финансиска помош за граѓаните од 6.000 денари, ќе бидат пролонгирани и роковите за купување домашни производи.

Се очекува над 280.000 граѓани да добијат финансиска помош од државата, а бескаматни кредити да има за околу 2.000 микро и мали фирми.