Македонија
4. May 2021 - 11:59

31-годишен прилепчанец починал откако со возило удрил во бетонски столб

Вчера во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник, информираа од МВР.

Возачот починал на местото на незгодата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.