Македонија
27. January 2021 - 9:26

304 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 304 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.