Бизнис
3. May 2019 - 16:24

300.000 пензионери ќе имаат проблеми со снаоѓање со смарт телефоните за поврат на ДДВ

За да си вратат ДДВ пензионерите или треба да одат на курс или ќе чекаат помош од внуците. Постарите граѓани велат дека е добра идејата да се врши поврат на данокот, но бараат да се олесни начинот на кој ќе можат да си ги добијат парите.

Според најавите, повратот ќе биде електронски и ќе почне од јули. Апликацијата е готова и овој и слендиот месец ќе се тестира. Таа ќе може да се симне на мобиле телефон. Потоа потрошувачите ќе ги сликаат сметките и ќе ги закачат на аплиакцијата. Трансферот на пари ќе биде автоматски на нивните сметки. За пензионерите ова е многу сложен систем.

Тонски...Драги Аргировски

 Од МФ засега не откриваат детали како ќе се одвива целиот процес. “Повратот на 15% од платениот ДДВ за граѓаните, како што беше најавено, ќе почне од јули годинава. Граѓаните ќе бидат навремено информирани за постапката пред да започне примената на мерката“.

Реагира и опозицијата дека ова е уште еден залуден прокет кој ќе падне на товар на буџетот. Ќар ќе видат само збогатените поддржувачи на власта, велат од ВМРО ДПМНЕ.

„ Ќе се бара поврат со мобилна апликација, повторно заборавајќи на граѓаните кои не користат ваква технологија- а тоа се најчесто сиромашните граѓани, социјално ранливите, без паметен телефон и секако пензионерите. Ова нема никаква економска логика. Наместо тоа партијата предлага Владата да ја намали даночната стапка од 18% на 16%“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Поврат ќе се врши на 15% од ДДВ. Односно ако потрошувачот потроши 1000 денари за кои ќе плати 180 денари ДДВ, назад ќе добие 15% од 180 денари или 27 денари.

Според очекувањата на Владата, повратот на ДДВ има за цел да ја намали сивата економија затоа што сите граѓани ќе бидат инспектори. А второ затоа што секое семејство годишно ќе добие меѓу 20 и 30.000 денари. По овој основ кај граѓаните би се вратиле од 70 до 150 милиони евра.

Ескперите од Фајнанс Тинк пак направија поинаква пресметка од владината. Повеќе ДДВ од државата ќе добијат тие кои имаат повеќе пари за трошење.

Над 22.000 денари годишно ќе се слеат на сметките на граѓаните кои имаат да потрошат над милион денари годишно. Најсиромашните од ДДВ ќе добијат вкупно 738 денари. Оваа пресметка покажува дека кај граѓаните ќе завршат нецели 50 милиони евра.