Македонија
8. March 2018 - 17:53

300.000 евра за лиценцирање туристичка агенција - дали некој сака да прави монопол во бинзисот?

За добивање на лиценца во законот за туристичка дејност се предлага туристичките агенции да платат банкарска гаранција од 100 до 300 илјади евра ,сума која е преголема и со која се сака да се направи монопол реагираат дел oд охридските туристичките агенции тие имаат забелешки и на нелојалната конкуренција и недоволниот број на инспектори.

Проблем имаат и станоиздавачите тие се жалат на сивата економија ,дивите станоиздавачи  и инспекциските служби кои според нив вршат  селективен пристап.

Надлежните велат дека предлозите се прифатливи доколку имаат позитивен импакт врз развојот и подобрувањето во туризмот.

Инаку предложените измени и дополнување на законите за туристичка и угостителска дејност и за такса за привремен престој треба да се донеста пред почеткот на летната сезона.