Бизнис
31. July 2019 - 19:50

300 евра за плински уред, од 2000 до 3000 евра субвенции за нов автомобил

Ќе се доделуваат субвенции од 300 евра за купување и вградување на плински уреди во автомобили и од 2.000 до 3000 евра за замена на старите со нови возила. Ова се само дел од мерките предвидени во новиот закон за возила. Критериумите за добивање на финансиите се уште не се дефинирани, но најверојатно еден од условите ќе биде приходот во домаќинствата. Кога ќе стартуваат овие мерки ќе зависи од тоа кога ќе биде направен ребаланс.

Надлежните посочија дека и еколошките налепници нема да бидат задолжителни туку доброволни. Но возилата кои нема да поседуваат црвена, жолта и зелена налепница нема да може да сообраќаат ако општината поради големо загадување, воведе посебен режим. Посебни служби ќе утврдуваат кои возила ќе добиваат жолта, црвена или зелена еколошка лепенка.