Македонија
10. July 2020 - 19:40

30-тина телефонски броеви дел од доказната постапка за организаторите на 27. април

Со увид во телефонската комуникација на обвинетите денеска продолжи судењето за наводните организатори на собранискиот упад од 27 април. Обвинителството понуди извештаи обезбедени од мобилни оператори за повиците на четворицата обвинети во периодот од 22 до 30 април 2017-та година. Освен за нивните телефони, обвинителството достави список со повици од уште 30-тина броеви без да ги открие нивните сопственици.

И на претходното судење обвинителството приложи извештаи од пораки и СМС повици за 100-тина телефонски броеви за кои одбраната побараа судот да не ги зема предвид бидејќи во нивната комуникација не постоеле разговори со обвинетите.

За организирање на крвавиот четврток обвинети се поранешниот собраниски спикер Вељановски, екс министрите Ристовски и Јанакиески како и тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Судењето за овој предмет продолжува по судската ферија – на рочиштето закажано за 18 август, обвинителството како докази за случајот ќе понуди и видео снимки.