Македонија
29. September 2019 - 16:26

30 пијани возачи откри полицијата за само една ноќ во Скопје

Над 150 возачи казнети за една ноќ во скопје. МВР вчера спроведе контрола на скопските улици за да се обезбеди поголема безбедност во сообраќајот и намалување на жртвите и материјалната штета која се предизвикува поради несовесно возење.

-Конкретно, во текот на минатиот ден имавме акциски контроли за поголема брзина и возење под дејство на алкохол. Имаме санкционирани 20 возачи кои што возеле со поголема брзина од дозволената на територија на Град Скопје. Како и 28 возачи кои возеле под дејство на алкохол. Имаме и останати прекршоци санкционирани со вкупна бројка од над 150 казни изречени во текот на минатиот ден, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Во насока на зголемување на безбедноста, неколкумина ентузијасти денеска со своите олдтајмери „Пежо 404“ направија обиколка околу Скопје. За таа цел тие планираат следната година да возат од Скопје до Сошо, каде што се наоѓа фабриката на оваа автомобилска компанија. Токму поради своите намери неколкуте ентузијасти годинава се сретнале и со францускиот амбасадор во земјава. Велат дека во главниот град има 10тина вакви автомобили.

-Интересна идеја. Сега за сега делува како голем подвиг. Ни како што поминува времето се повеќе и повеќе чувствуваме дека ќе биде остварливо. Сметаме дека овој подвиг ќе биде поврзување и на другите народи и другите ентузијасти како нас од останатите Балкански држави се до Франција. И дека можеби некои фирми ќе излезат во пресрет со финансико помагање на овој подвиг. Бидејќи „Пежи 404“ е едно од најубавите возила во историјата на француската продукција на возила, вели Деан Шкартов од неформалното здружение „Пежо 404 – Македонија“.

На 26. септември се одбележа Светскиот ден на жртвите во сообраќајни несреќи. Македонија е една од државите каде стапката на смртност во сообраќајот е висока.