Македонија
6. July 2018 - 16:56

30-годишно момче загина во сообраќајна несреќа кај браната „Калиманци“

Уште еден млад човек, жртва на сообраќајна несреќа на патиштата на Истокот. Вчера попладне на магистралниот пат Кочани- Македонска Каменица во близина на браната Калиманци, дошло до судит помеѓу камион марка „мерцедес актрос“ управуван од 60 годишен бугарски државјанин и автомобил „опел аскона“ без регистарски таблички, со кој сообраќал 30 годишниот кочанчанец со иницијали Б.В. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот кој со возило на итната медицинска помош бил пренесен во кочанската болница.

- Поради сериозноста на повредите е препратен во Урегентниот центар – комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 20 и 50 ч. им подлегнал на повредите

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС Делчево, а патот остана затворен за сообраќај 3 часа. Возачот на камионот е задржан во полициската станица за понатамошна постапка. Истрагата треба да ги утврди причините за кобната несреќа.