Македонија
11. February 2021 - 16:03

30 фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир

Денеска на граничниот премин „Деве Баир“, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени.

Од слобода биле лишени двајца албански државјани и биле изведени пред Судија на претходна постапка. За останатите 28 патници - македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик.