Македонија
7. July 2022 - 12:34

30-дневен притвор заработија осомничените за убиството на 22-годишното момче во Струмица

Осомничените за убиството на 22 годишното момче од Струмица кое пред два дена беше избодено до смрт од синоќа се наоѓаат во притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителството и им одредил притвор во траење од 30 дена. Се работи за двајца мажи и една жена кои се сомничат дека како соизвршители го сториле кривичното дело убиство.

Се започнало со вербална расправија која на крај заврши фатално за 22 годишното момче, а уште три лица од неговото семејство беа повредени.

Расправијата започнала за паркинг место пред куќа, по што тројцата  осомничени со ножеви му задале повеќе убоди на сега почнатиот по што  тој паднал на земја и починал на лице место. Откако  членовите на неговото семејството се обиделе да му помогнат, осомничените ги нападнале  и нив нанесувајќи им– убодни рани со нож. За  среќа сите тројца поминале полесно и не се во животна опасност.

Веднаш по расправијата осомничените побегнале од местото на настанот, но во текот на вчерашниот ден полицијата ги пронајде во Радовиш и Валандовско Дедели и ги ги приведе.