Македонија
22. November 2019 - 19:20

30 дена притвор за негователката што малтретираше дете

Видливи повреди на лицето и вратот има 2г. детенце кое беше тепано од жената задолжена да го чува. Роднина објави фотографија на која се гледаат модринки и гребнатини . Мајката на трите дечиња кои можеа да се забележат на скандалозната  снимка во игротеката, за Сител вели дека и покрај траумата децата засега се во стабилна состојба.Во потресно сведоштво раскажува дека за настанот дознала од пријателка која и гоиспратила видеото. Пријавила во полиција а потоа заедно со нив се вратила дома каде дадилката се уште ги чувала дечињата.

Не очекувала дека негователката која веќе една година била   плаќана  да се грижи, таа да ги малтретирала децата, особено затоа што била ангажирана преку агенција.  Среќа во несреќа е што снимката излегла во јавност бидејќи можеле да се случат полоши работи. Мајката и претходно се сомневала дека нешто не е во ред, но секојпат дадилката имала изговори.

59 годишната негователка е доби 30 дневен притвор поради опасност од бегство бидејќи се товари за кривично дело кое предвидува затворска казна од една до 10години.

Случајот предизвика лавина реакции од јавноста и политичарите. Министерката за труд и социјала смета дека ваквото насилство може да предизвика трајни последици кај децата. Царовска вели со закон се утврдени лиценци за негователки но родителите практикуваат за нивните деца да се грижат познаници.

- Во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негуватели и не избираат лиценцирани воспитувачки и негователки во нивните домови. Ги потикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негователки и токму затоа ниту во законот за детска заштита гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област

Македонската асоцијација на дадилки со осуда за бруталното насилство врз 2г дете и понудија стручна помош на родителите. Потенцираат дека законот за заштита на деца е менуван неколку пати но се уште не дава применливо и соодветно решение особено во домашното згрижување на деца. Според законот за лиценца за дадилка е потребно само кандидатот да има завршено средно образование и лекарско уверение за кое секогаш постои сомнеж колку е меродавно велат од оваа асоцијација.