Македонија
18. September 2018 - 19:43

3-годишно девојче тешко повредено, нејзината баба почина, откако ги прегази товарно возило

4 годишно дете е на детска хирургија каде ќе биде оперирано на левото рамо а неговата   баба почина откако беше пренесена на клиника. 61 годишната жена им подлегна на тешките повреди откако пежо партнер управуван од 40 годишен велешанев удрил директно во нив додека минувале на пешачки премин. Траги од кочење сведочат за ужасната сообраќајна несреќа која се случи во 20 часот на булеварот Србија во Аеродром. Возачот не успеал да закочи и удрил директно во бабата а детето завршило под возилото кое се забило во едно од дрвата на средина од булеварот. Случајот го презема  обвинителство кое утврдува дали 40 годишниот велешанец бил под дејство на алкохол или наркотични средства како и дали возилото со велешки таблички било технички исправно. По наредба на обвинитилство судска медицини ќе изврши обдукција на телото на починатата баба. Граѓаните се гневни и бараат најитно да се постават семафори бидејќи овој булевар е многу ризичен.  

Иницијатива за поставување семафор на овој пешачки започнаа граѓаните на социјалните мрежи.  По тешката сообраќајка ново сообраќајно решение бараат и од општината Аеродром . На потег е градот Скопје од каде информираат дека заедно со МВР ќе го изнајдат најсодветното законско решение.

На само неколку метри од овој пешачки се наоѓа полициската станица но и градинка , основно училиште и детската улица во Ново Лисиче. Долж овој булевар нема ниту тротоар од едната страна на коловозот па граѓаните одат по улица. Недостига и велосипедска патека.

Навечер пак се одвиваат диви трки со мотори и автомобили на што жителите постојано реагираат и споделуваат видеа на социјалните мрежи.

Од МВР велат од април континуирано се одвиваат засилени сообраќајни контроли. Стотици пијани возачи заработија казни за овој период но од полицијата велат дека прекршоците значително се намалени.

Претпладнево уште еден пешак е повреден во Автокоманда. 17 годишно девојче заврши на ургентен со повреди на главата откако возило удрило директно во нејзе. Само во изминатото деноноќие во Скопје се случиле 12 сообраќајни несреќи во кои едно лице загина, три се тешко и 5 лица полесно повредени.