Балкан
11. December 2020 - 11:20

3-годишно дете од Белград се бори за живот - врз него паднал чевларник

Тригодишно момче е тешко повредено во белградската населба Винча, кога врз него паднал чевларник, јавуваат медиумите. Несреќата се случила вчера, како што се наведува, а лекарите се борат за животот на детето во Ургентниот центар.

Според лекарите, детето има повреди на черепот, како и на белите дробови.