Македонија
29. October 2020 - 10:09

287 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 287 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 4 прекршоци, 11 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 за возење без возачка дозвола, 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со „пајак“. Изречени се 123 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.