Loading Video...
Свет
13. September 2020 - 16:33

28 починати во пожарите во Калифорнија

Најмалку 28 луѓе починале во пожарите кои беснеат во западните америкнаски држави. Најмногу починати тамошните власти регистрирале во Калифорнија, каде изминатите неколку дена се регистрирани 19 смртни случаи. Пожарите кои пустошат територија од скоро 2 милиони хектари, најголеми штети предизвикуваат во Калифорнија, Орегон и Вашингтон. Белата куќа најави дека местата зафатени од огнената стихија, утре ќе ги посети претседателот Трамп.

Посредникот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Сем Фабрици смета дека разговорите земаат замав и нема причина за одолговлекување на процесот. Тој вели дека дијалогот не е е лесен но додава дека моментумот е добар. Во интервју за српските медиуми, Фабрици потсетува дека по средбата на претседателите на Србија и Косово во Брисел е направен значен напредок во преговорите со отворањето на прашањата за немнозинските заедници на Косово и меѓусебните финансиски побарувања на двете земји.

Не стивнуваат протестите во Белорусија против реизборот на претседателот Лукашенко. На денешниот протест насловен како „Марш на жените“ учестувале 10 илјади демонстранти. Маршот бил сопрен пред толпата да стигне до плоштадот Слобода каде полицијата почнала со туркање на присутните, а повеќе жени биле уапсени. Протестите во Белорусија почнаа по претседателските избори на 9 август кога за претседател беше реизбран Лукашенко, па опозицијата обвини за изборен фалсификат.