Македонија
4. February 2020 - 10:54

28 мигранти откриени во напуштено комбе на патот Валандово - Струмица

Вчера во 20.45 часот на патниот правец Валандово-Струмица, пред влез во с.Костурино, при проверка на патничко возило „рено трафик“, со битолски регистарски ознаки, полициски службеници од Полициска станица Стар Дојран пронашле 28 лица мигранти, а возачот на возилото го напуштил местото на настанот.

Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.