Македонија
22. October 2020 - 9:14

272 санкционирани возачи во Скопје, од кои 63 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 15 мерки за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти.

Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.