Македонија
15. January 2020 - 16:38

270 илјади евра за настраданите во земјотресот во Драч

16, 6 милиони денари  донирале македонските граѓани за настраданите од земјотресот, кој пред повеќе од 2 месеци  го стресе Драч. Од Црвен Крст велат дека парите  ќе бидат наменети за сите оние кои останале без покрив над главата, но и за потребите на децата. Посочија дека македонските граѓани уште еднаш ја покажале својата хуманост на дело.

Во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според рихтер,  загинаа 50 лица, а 2000 беа повредени. Освен во Драч, тлото се тресеше и во Тирана. Во двата града, вкупно беа уништени 2,365 објекти. Над 4000 луѓе останаа без покрив над главата,а премиерот  им вети нови домови оваа година.  Сите балканси земји,но и пошироко испратија помош, но и екипи на терен кои вршеа проценка на објектите. По овој, следуваа уште 300 помали земјотреси.