26. роденден на македонското знаме
Во 1995 година на 5 октомври Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвоило Законот за знамето на Република Македонија.
Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето.
Од центарот на црвената позадина се распространува златно сонце со осум сончеви краци, кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето.
Идејниот цртеж врз кој бил направена компјутерска апликација бил на познатиот новинар Спасе Шуплиновски.
Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора