Македонија
19. January 2020 - 12:15

26-годишниот Кристијан Ниноски го извади крстот од водите на Вардар

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот  Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади крстот од водите на Вардар. Светиот крст  беше за кратко време изваден од водите на реката на Вардар. 

-Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Ппосакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок - кажа Кристијан.

 

Честитки до Кристијан многу здравје среќа и љубов.