Македонија
13. August 2020 - 17:18

26-годишник насилно влегол во туѓа куќа во с.Лескоец и украл над 30.000 евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Н.(26) од  с.Вапила, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 04.08.2020, во куќа сопственост на С.П. во с.Лескоец, тој со употреба на физичка сила и подесен алат влегол и одзел 30.000 евра и 5.000 денари.

М.Н. бил лишен од слобода и од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Охрид одредена му е мерка притвор.