Македонија
5. јуни 2021 - 12:12

26-годишна кумановка тешко повредена откако со автомобилот излетала од патот

Вчера околу 08.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат за с.Табановце, кумановско, Е.Ј.(26) од с.Табановце, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот, информираа од МВР.

Во незгодата Е.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.