26-годишна инфлуенсерка пронајдена мртва покрај пат во Хјустон
Безживотното тело на Алексис Шарки (26) било пронајдено покрај пат во Хјустон, откако некои луѓе забележале женски нозе кои излегуваат од грмушките.
Девојката исчезнала еден ден по американскиот Денот на благодарноста, а нејзината мајка Стејси Робинолт за американските медиуми изјави дека нејзината ќерка исчезнала откако се расправала со, засега неидентификувано лице на Денот на благодарноста.
Инфлуенсерката ја следеа повеќе од 21.000 следбеници на Инстаграм пред трагедијата, но по нејзината смрт тој број се искачи на 31.500.
Според американските медиуми, Алексис немала видливи повреди на телото, а истрагата за нејзината смрт е во тек.
Кога исчезнала, не го возела својот автомобил, а нејзината мајка истакна дека последен пат нејзината ќерка се слушнала со пријателите околу 18 часот, на денот на нејзиното исчезнување.
– Денот на благодарноста беше тежок ден за неа и за нас, па затоа се слушавме само попатно преку пораки. А петок, искрено, петокот го промашивме. Беше напорен ден, тој ден дури и не разговаравме, а потоа таа исчезна во петокот вечерта. Оттогаш не сме виделе и не сме чуле од неа – рече нејзината мајка пред да биде пронајдено телото.
Откако беше пронајдено телото, мајката за американските медиуми изјави дека е убедена дека станува збор за сомнителна смрт и дека „не може да биде несреќен случај“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација