Македонија
14. October 2021 - 16:37

26-годишен скопјанец паднал на работното место и тешко се повредил

Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.К.(26) од Скопје, при извршување работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.