Македонија
12. April 2017 - 16:33

25.000 вработени преку проектот „Македонија вработува“

Проектот Македонија вработува отвори над 25 илјаид  нови работни места.  Од нив 6000 илјади лица дошле до работа со Македонија вработува два. Поволностите ги искоритиле над 4000 фирми. Со тоа  успеале да го вработат потребниот кадар и да го прошират својот тим. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски  ова е еден од најдобрите проекти.

За неполни две години само со еден проект во два дела Македонија вработува еден и Македонија вработува два се отворија над 25 илјади работни места што е огромен успех и е еден од најдобрите проекти во историјата на независна Македонија. Македонија вработува два  започна откако заврши Македонија вработува еден кога, како што кажа, најголемиот потенцијал за мерката веќе беше искористен, но сепак е како да се привлекле инвеститори кои отвориле нови 12 до 13 фабрики со по 500 вработувања, рече  Никола Груевски-  претседател на ВМРО ДПМНЕ

Проектот Македонија вработува два завршува на крајот на јуни. Компаниите да не чекаат да ги искористат  бенефитите кои им ги нуди државата.

Очекувам до 27 јуни бројката на вработени преку Македонија вработува два да порасне и дека компаниите ќе ги искористат поволностите што им се нудат. Мерката е дизајнирана да не биде социјален момент, туку да биде од интерес на компаниите, да биде за нивно добро додаде Груевски.

Ова е само една од мерките од оперативниот план за вработување за годинава.  Државните проекти помогнаа значителнод а се намали невработеноста и од 38 отсто таа  падна на  23 проценти.