Бизнис
30. јуни 2020 - 19:51

25.000 граѓани кои поднеле приговор, ќе добијат ваучери за летување

До крајот на неделата ќе се знае колку приговори се прифатени за домашната платежна картичка. Според генереланиот секретар  Рашковски – нивната работа е завршена, сега останатите институците – АВРМ , министеството за образование , УЈП и фондот за здравство ќе ги проверат уште еднаш листите, по што ќе се знае колку точно лица имаат право на државна помош. Од примените 50.000 мејлови, речиси 30,000 биле конкретни приговори од граѓаните кои сметаат дека имаат право, а не добиле картичка за купување домашни производи. 

Министерката за финансии на својот Фејсбук профил се пофали дека до сега се испечатени 250,000 картички, од кои 100 илјади веќе се издадени. Наредната недела ќе се печатат картичките по уважените приговори. Целиот процес се очекува да заврши на 18 јули, односно тоа е крајниот рок кога треба да бидат доставени сите картички, а ѓраѓаните ќе можат да ги користат до 15 ти август.

Што се однесува пак, на приговори за ваучерите за туризам, до сега над 25 илјади граѓани добиле позитивен одговорот и кодот за ваучерот веќе им е испратен преку електронска пошта. Дополнително на проверка во УЈП се листите со уште 13 илјади граѓани, а колку од нив ќе летуваат на државен трошок, ќе се знае деновиве, информираат од министерството за економија. Инаку ваучерите за туризам,  во вредност од 6,000 денари, ќе можат да се искористат до крајот на годинава.