-->
-->
2.500 евра награда за оној што ќе ја најде Шер
-->
Награда од 2.500 евра нуди семејство од Скопје, чиј папагал Шер, од видот ара, се изгубил пред четири дена, а последен пат е видена во населба Орман, близу картингот.
Имаат и упатство, околу тоа доколку некој ја забележи, како да и пријде без да ја исплаши или повреди.
- Повикајте ја, питома е, нема да ве касне. Пружете и рака, не дланка и покажете и трпение, ќе дојде. Не и приоѓајте со пешкир или ќебе и не ја фаќајте за врат од напред. Ако ви застане на рака внесете ја на затворено. Ако морате да ја фатите со раце тогаш фатете ја позади за вратот без стискање или на грбот, објаснуваат од семејството.
Секој кој има информација за Шер, може да се јави на мобилниот број на сопствениците 076 302 321.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна