Македонија
30. November 2020 - 16:12

24-годишник приведен заради тешка кражба во обид

На 30.11.2020 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип во 00.30 часот на ул. „Партизанска“ во Штип бил лишен од слобода С.Т.(24) од Штип, поради основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба во обид“, во куќа во с.Долни Балван, штипско.

Полициските службеници постапувале по пријава добиена во 00.10 часот, од страна на М.Т.(80) од с.Долни Балван, според која едно лице насилно влегло во неговиот дом во с.Долни Балван.

По комплетирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.