24-годишник криел пушки, пиштоли и хероин во шумата во Железара
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради основано сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а надлежен обвинител синоќа достави предлог за одредување мерка притвор.
Како што информира ОЈО, ссомничениот 24-годишник, во текот на април и почетокот на мај годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, на различни локации биле пронајдени автоматска пушка 70 F 6699 со пластичен кундак и калибар 7,62мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка со калибар 7,9мм, автоматско оружје со навој за пригушувач со калибар 7,65мм на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два пригушувачи, уште три автоматски и една полуавтоматска пушка завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми. Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.362,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.
Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово