Македонија
8. December 2018 - 21:46

24 часовен видео надзор врз депонијата во Струга

Со 24 часовен видео надзор и чуварска служба се заштитува струшката депонија .Просторот кој во минатото го загадуваше целиот туристички град е покриен со земја за да не се дозволи негово  понатамошно палење и дополнително ограден а ставена е во употреба и претоварната станица за комунален отпад и негова обработка.

Струшкиот градоначалник Мерко се надева дека во наскоро време ќе се изнајде решение за изградба на регионална депонија каде ќе се транспортира отпадот.

Инаку и покрај можноста за  привремено решение најбитен момент од кој ќе зависи дали во иднина ќе се регулира  проблемот со депониите во Југозападниот регион останува ветувањето за изградба на нова регионална депонија. Планирана е да се гради во општина Дебарца но од локалната власт бараат да се почитува волјата на граѓаните искажана на референдум.