Македонија
6. November 2015 - 16:35

24 април останува датум за изборите - Партиите постигнаа договор

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 24 април. По неколкумесечни преговори политичките партии конечно го ставија потписот на финалниот договор за изборниот законик, законот за влада и законите за бомбите и свиркачите.

По лидерската средба, премиерот рано утрово не го криеше задоволството што е постигната стратешката цел на ВМРО-ДПМНЕ

Груевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ успеа да обезбеди превенција од злоупотреби и целосна контрола врз кадровското работење на СДСМ во институциите каде што ќе има свој кадар.
Според договорот од Пржино, СДСМ доби 2 министерски места и 4 позиции заменик министер

На сите позиции кои ги доби во новата Влада, СДСМ постави истакнати партиски кадри. Оливер Спасовски е генерален секретар на партијата, Кирацовски и Ременски се потпретседатели на партијата, а Љупчо Николовски е шеф на кабинетот на лидерот Заев.
Премиерот Груевски смета дека е добро што Заев си го згрижи навјисокото партиско раководство во Владата

Партиите се договорија и околу законот за свиркачите како и за законското решение за бомбите, но тоа ќе стапи на сила по 6 месеци, штом го помине филтерот на Венецијанската комисија.
И албанските политички партии не го криеја задоволството од постигнатиот договор

Политичката криза во Македонија ескалираше на почетокот на годината кога СДСМ почна да ги објавува незаконски прислушуваните материјали. Од тогаш до денеска и покрај силната црна кампања, опозициската партија не успеа да го помрдне својот рејтинг кој според анкетите на ИПИС и Брима Галуп во овој момент е 2 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа, Груевски најави голема победа во април

На последните избори ВМРО-ДПМНЕ освои над 480 илјади гласови и однесе убедлива победа пред СДСМ изразена со 200.000 гласа разлика