Македонија
19. April 2017 - 16:17

23-годишен возач од Кавадарци загина откако по сообраќајка од кабината паднал во бездна

Млад кавадарчанец загина во бизарна сообраќајка рано утрово на влезот во Велес. 23 годишниот Јован Рамов управувајќи камион Сканиа изгубил контрола над возилото кое се извртело на патот а потоа сопрело на работ од бездна длабока 20 метри. Со надеж да го спаси својот живот, во тој момент Јован скокнал од кабината најверојатно не знаејќи за амбисот. 23 годишникот веднаш бил пренесен во велешката болница. Лекарите од хирушкото одделение го реанимирале, но заради сериозните повреди по кратко време починал.

Инаку во камионот Јован не патувал сам. Сопатникот кој бил во возилото останал  во кабината па минал без повреди. Тој пред полицијата изјавил дека не знае како се случила несреќата.

Во извлекувањето на повреденото момче поради тешко пристапниот терен интервенирала противпожарната бригада.

На местото на несреќата е направен увид од јавен обвинител и екипа на полицијата. Нивната истрага треба да ги открие причините за излетувањето на возилото.