Македонија
15. јуни 2021 - 18:29

23-годишен арачиновец со украден автомобил ограбил обложувалница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Н.(23) од с.Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво” и „одземање на моторно возило”.

Пријавениoт,заедно со уште едно лице, на 21.02.2021 на ул.„Петре Филиповски Гарката” одзеле патничко возило „форд фиеста” и околу 20.00 часот со возилото отишле во спортска обложувалница на ул.„Јужноморавски бригади”, каде што со закана од вработените одзеле пари.